При инспекциските надзори не се констатирани недостатоци од надлежност на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со починатото тригодишно дете од Кавадарци, информираа денеска од ДСЗИ за МИА.
Заменик министерот за здравство Јовица Андовски потврди за МИА дека од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска е побаран вонреден инспекциски надзор да биде извршен во Општата болница во Кавадарци и на Детска клиника во Скопје, во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци.
Ги повикуваме надлежните во државата да испитаат можна лекарска грешка во врска со смртта на нашето детенце, реагираа попладнево родителите на детето од Кавадарци, кое почина вчера изутрина на пат кон скопските клиники.
Добивај вести на Viber Дете од Кавадарци почина, а родителите бараат одговорност за случајот и да се испита дали имало лекарска грешка.