Околу 4 часот утринава на подрачјето на Карпош скопската полиција привела шест тинејџери затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување, а дел од нив биле агресивни и кон полициските службеници.
„На 07.06.2025 во 03.50 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Ѓ.С.(18), Т.Д.(19), Л.Т.(19), М.У.(19), О.М.Р.(19) и Ј.К.(19), сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување, а Т.Д. и М.У. агресвно се однесувале и кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија“, се наведува во полицискиот билтен.