Целосно е невозможно кои било фармацевтски компании тајно или јавно да договараат цени на лекови, бидејќи тие се регулирани исклучиво од Министерството за здравство.
▷ Тоа значи дека за споменатата јавна набавка АД ‘Д-р Пановски’ понудил цени во висина која претходно ја определиле ресорните надлежни институции. Plusinfo
АД „Д-р Пановски“ во врска со денешните објавени информации од Комисијата за заштита на конкуренцијата, со кои се информира јавноста дека Вишиот управен суд со пресуда го потврдил решението за постоење на забранет договор – картел помеѓу АД „Д-р Пановски“ и Фарма Трејд ДООЕЛ Скопје, за јавна набавка спроведена во 2016 година, информира дека досега не примил пресуда од Управниот суд, ниту од други надлежни институции. 24info
По соопштението на Комисијата за заштита на конкуренцијата во кое се вели дека имало картелско здружување, попладнево се огласија од фармацевтската куќа Д-р Пановски. Denesen