1 (10) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 23-Jan 09:54 -> 23-Jan 16:58
.
.
.
.

На полицајка и „снемало“ автоматска пушка во Карпош

  • Автоматска пушка недостига во магацинот на ПС Карпош- поднесена кривична пријава

„На 31.12.2024, комисија формирана за вршење годишен попис во ЕВР Карпош извршила попис и броење на оружјето во магацините за оружје, за кои била задолжена полициската службеничка А.Д.. По извршениот попис, било констатирано дека недостасува една автоматска пушка од главниот магацин за оружје во Полициската станица Карпош, сопственост на Министерството за внатрешни работи.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“.

6 (7) ■ вести > македонија ■ 23-Jan 14:16 -> 23-Jan 16:58
.
.
.
.

Клиника за онкологија: На располагање сме да се обезбеди регистар неоходен за ФЗО за евиденција на биолошката терапија

  • Клиника за радиологија и онкологија: На располагање сме за регистер во форма неопходна за ФЗО

Бројот на пациенти е во постојан пораст и не може однапред најпрецизно да се предвиди и определи динамиката на потрошувачката на биолошката терапија, велат од Клиниката за онкологија, посочувајќи дека располагаат со преглед на потрошувачката на количините на постојните пациенти.

Од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) потенцираат дека бројот на пациенти е во постојан пораст и однапред најпрецизно не може да се предвиди и определи динамиката на потрошувачката, но дека како Клиника располагаат со преглед на потрошувачка на количините за постојните пациенти.

7 (16) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Jan 13:01 -> 23-Jan 16:10
.
.
.
.

Програма за работа на Владата во 2025 година: Силен економски раст, подобрување на транспортната инфраструктура, квалитени работни места

  • Митева за можната набавка на државен авион: Неодговорно е што актуелната опозиција не направи ништо за државниот имот во изминатите години

Поттикнување силен циклус на економски раст, подобрување на транспортната инфраструктура, зголемување на животниот стандард, создавање квалитени работни места, модернизирање на образовниот систем и забрзување на дигиталната трансформација, се само дел од стратешките приоритети за периодот 2024 – 2028 година.

Неодговорно е да имате опозиција којашто изминатите години апсолутно ништо не направи по однос на државниот имот и не само што не направи ништо, туку и она што беше досега направено го остави како во заборав на времето, нагласи на денешната прес-конференција владината портпаролка Марија Митева, откако оваа тема ја отвори директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски.

9 (23) ■ вести > македонија ■ 23-Jan 10:16 -> 23-Jan 15:39
.
.
.
.

Апостолски: Настаните на 27 април се тешко дело против државата, го повикуваме јавниот обвинител вистински да истражи кои се организаторите

  • Падна предметот за ,,Организаторите на 27 април”, уважена амнестијата на Јанакиески, Вељановски, Ристески и Атанасовски

  • Амнестирани обвинетите организатори на упадот од 27 април

Настаните на 27 април се навистина тешко дело против државата, но и тогаш, и сега, го повикуваме јавниот обвинител, вистински да истражи кои се организаторите, порача одбраната на обвинетите за случајот „Организатори за 27 април“, откако Основниот Кривичен суд Скопје денеска го уважи барањето за амнестија на обвинетите ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристески, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски и поранешниот директор на УБК, обвинетиот Владимир Атанасовски.

Падна предметот за ,,Организаторите на 27 април”, бидејќи денеска во Кривичниот суд е уважена амнестијата на обвинетите Миле Јанакиески, Трајко Вељаноски, Спиро Ристески и Владимир Атанасовски.

Важи амнестијата и за екс собранискиот спиекр Трајко Вељаноски, поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Повеќе од
оваа категорија

43 (43) ■ спорт ■ 21-Jan 14:21 -> 23-Jan 14:58
.
.
.
.

Ѓоковиќ: Многумина очекуваа да се откажам, но не се предадов!

  • Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен

  • Ѓоковиќ уште има сила, со моќен тенис го исфрли Алкараз за полуфинале во Мелбурн!

  • Закажан терминот за полуфиналето Ѓоковиќ-Зверев

Новак Ѓоковиќ го победи Карлос Алкараз во четвртфиналето на Австралијан опен, иако во разговор со „Еуроспорт“ призна дека играл со повреда во текот на натпреварот.

Десеткратниот шампион на АО, Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето го победи Карлос Алкараз во три сета и по пресврт (3:1). По три часа и 37 минути резултатот беше 4:6, 6:4, 6:3, 6:4. Во полуфиналето во Мелбурн го чека Александар Зверев, кој претходно го елиминираше Томи Пол со 7:6 (1), 7:6 (0), 2:6, 6:1. Operation Grand Slam No.25 continues.

одигра уште една брилијантна партија и го совлада големиот ривал во четвртфиналето на со 3-1 во сетови (4-6, 6-4, 6-4 и 6-4). Српскиот ас не го започна мечот како што посакуваше, Алкараз направи два брејка и го доби првиот сет, но потоа на сцената стапи искусниот Ѓоковиќ, кој ја покажа својата сила и успеа да ги освои следните два сета.

Неофицијално е потврдено кога Новак Ѓоковиќ ќе се врати на теренот на Австралија Опен.

86 (7) ■ спорт > кошарка ■ 22-Jan 12:04 -> 23-Jan 14:50
.
.
.
.

Вашингтон се врати на тренинзите на Партизан, но…

  • Партизан во „супер-меч“ славеше над Шортс и Париз

Американскиот кошаркар Дуејн Вашингтон се врати на тренинзите на Партизан по неделното отсуство поради шпекулациите дека има сипаници, нешто што се воспостави дека не е точно.

Кошаркарите на Партизан стигнаа до нова победа во Евролигата откако вечерва на домашен терен во премиерниот меч од 23. коло од елитното натпреварување славеа над Париз на македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс со 92-86. Гостите фуриозно го отврорија натпреварот и по првата четвртина имаа предност од 26-34. Како одминуваше времето домашниот тим заигра далеку подобро во одбраната, па на крајот клучна беше последната четвртина во која на противникот му дозволија само 17 поени и со тоа стигнаа до победа од 92-86. Ти Џеј Шортс со 19 поени беше убедливо најдобар поединец на натпреварот, додека кај победникот Карлик Џоунс заврши со 17 поени.

Повеќе од
оваа категорија

202 (4) ■ бизнис > економија ■ 22-Jan 11:42 -> 23-Jan 10:26
.
.
.
.

Се наближува рокот за поднесување на барања за признавање на расход во даночниот биланс за 2024

  • ТЕЧАТ РОКОВИТЕ ЗА БАРАЊА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА РАСХОД ВО ДАНОЧЕН БИЛАНС Последен ден е 31 јануари

Даночни обврзници на данокот на добивка и вршители на дејност кои водите деловни книги, доколку во текот на 2024 година имате средства кои понатаму не можат да се користат, односно се трајно надвор од употреба, а кои имаат нето сметководствена вредност, најдоцна до 31 јануари 2025 година до УЈП поднесете: Барање согласност за признавање на расход во даночен биланс за данок на добивка (образец “ДД-БС”) eлектронски преку преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/ Барање согласност за признавање на расход од работењето на даночниот обврзник во даночен биланс за данок на доход (образец “ДЛД-БС”) електронски преку https://e-ujp.ujp.gov.mk Под средства што се трајно надвор од употреба се сметаат: средствата што се уништени или оштетени поради виша сила како и од други непредвидливи настани, физичка дотраеност или техничка застареност; средствата што повеќе од една година непрекинато не ги користите, а нивното ставање надвор од употреба не е поради поправка или доградба; средствата што се во фаза на набавка, а чија набавка, со одлука или со друг акт е откажана или три години едноподруго не се вложуваат средства за довршување на таа набавка, и средствата што во последните пет години непрекинато ги користите помалку од 30% од нивниот програмиран капацитет.

Управата за јавни приходи информира дека 31 јануари е рокот за поднесување барања за признавање расходи во даночен биланс за данок на добивка и за данок на доход.

222 (4) ■ бизнис > економија ■ 21-Jan 12:45 -> 22-Jan 19:43
.
.
.

Уриваме рекорди: Во банките чуваме речиси 10 милијарди евра

  • КАКВО „ЗЛАТО“ БАРААТ ИНВЕСТИТОРИТЕ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - со блокови и редовно вчера направен промет од над 700 илјади евра

Вкупните депозити во македонските банки во декември достигнаа 600,3 милијарди денари (околу 9,7 милијарди евра)и раст на годишно ниво од 12,4 проценти, покажуваат новите податоци на Народната банка, пишува Блумберг Адриа.

Се чини како за интересот и за цената на акциите на Комерцијална банка да нема лимит, а тоа уште повеќе го поттикна и најавата дека за минатата година банката ќе дели дивиденда, а имајќи ја предвид нејзината одлична дивидендна политика и историја во минатите години, се очекува дека тоа ќе биде прилично солидна сума, што е уште еден тригер плус за инвеститорите да навалат на оваа акција.

263 (4) ■ бизнис ■ 21-Jan 07:36 -> 21-Jan 14:58
.
.
.
.

ПРЕКУ БИЗНИСОТ ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ НА ТРИ МОРИЊА Иницијатива за соработка меѓу 13 земји од ЕУ и Западен Балкан

  • Панел дискусија за можностите за економска соработка со иницијативата „Три мориња“

Морињата се одредниците кои ќе ги исцртаат новите сфери на интерес во светот, а новиот интерес конечно ќе се вика бизнис затоа што сите ќе сфатат дека без бизнис нема ништо и дека тоа е единственото врзивно ткиво на овој свет, порача претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на панел дискусијата за претставување на иницијативата „Три мориња“, можностите за економската соработка меѓу нејзините членки и придонесот во нивниот економски развој, со посебен осврт на инфраструктурата и вклучувањето на земјите од Западен Балкан и зајакнувањето на оската север-југ во источна Европа.

Панел дискусија на која ќе биде претставена иницијативата „Три мориња“, можностите за економската соработка меѓу нејзините членки и придонесот во нивниот економски развој, со посебен осврт на инфраструктурата и вклучувањето на земјите од Западен Балкан и зајакнувањето на оската север-југ во источна Европа, денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Стопанската комора во соработка со Институтот за стратешки иницијативи и политики.