Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
70
50.19
40.93
14.86/6.54
70.00
29.63
0.42
6306.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 70
122 ■ 0.99/0.01 ■ 8 ■ 862.2
Best clustering variants
122 0.99/0.01 8 862.2
Vecer

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски рече дека сите се обвинети за кривичното дело Тешки дела против општата сигурност.– Обвинети се за кривични дела со кои заеднички, со учество во дејствие на извршување на кривично дело или со друг особен придонес кон извршување на делото, предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери на место каде што се собрани поголем број луѓе, односно, на 16.3.2025 година, при настапот на музичката група ДНК во угостителскиот објект „Клуб Пулс“ Кочани каде во пожар 62 лица го загубија животот, со тешки телесни повреди се здобија 157, а со телесни повреди уште 54 лица.

Обвинетите делото го сториле со свесно непостапување според прописите и техничките правила за заштита, а дел од нив и со директно општоопасно средство и дејствие со кое бил предизвикан пожарот – рече државниот обвинител Коцевски. Vecer

Civilmedia

Првообвинетиот во временскиот период во 2012 и 2024 година во повеќе наврати преземал градежни дејствија со кои извршил реконструкција со пренамена на објектот при што неконтролирано без стручен надзор вградувал несоодветни материјали-синтетички, полимерни материјали и полиуретански сунѓер кои носат ризик од лесно започнување и брзо ширење на пожар и други опасности од пожар, па во наведениот објект не биле исполнети минимално-техничките услови ниту основните стандарди и барања за заштита од пожар и за безбедност и заштита од пожар за да во него се врши угостителска дејност.

Практично, во објектот не бил испочитуван ниту еден пропис во однос на квалитетот на вградените материјали, носивоста и стабилноста на конструктивните елементи, бројот и големината на излезите за евакуација, бројот на паркинг места, преградувањата на објектот, но и во однос на предвидување, располагање и употреба на соодветни уреди и инсталации за заштита од пожари и експлозии, друга противпожарна опрема, средства за гаснење на пожари и противпожарни апарати, образложи Коцевски. Civilmedia

19:32 h 14-Jun-2025
  • Запленети возила повторно се паркирани пред полициската станица во Кочани за време на денешниот деветти по ред Марш за ангелите во Кочани.
  • ◉ (Фото) Уште хермелини да донесеа - Запленети возила без таблички паркирани пред ПС Кочани, има и марици!
11:31 h 13-Jun-2025
  • За 11 лица е запрена постапката и нема да се гонат за трагедијата во Кочани, бидејќи немало доволно докази, меѓу нив се ексдиректорите на Државниот пазарен инспекторат, двајца ексминистри за економија, истакна државниот обвинител Љупчо Коцевски.
  • Полицајците во „Пулс“ не презеле мерки да спречат активирање на пиротехниката, чие палење не било пријавено во полиција
10:54 h
  • Обвинителството поднесе обвинение против 34 физички и три правни лица за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 лица, меѓу нив и шест деца.
  • Сите детали за обвинетите за пожарот во „Пулс“: Се гонат 34 лица, запрена е постапката за 11 лица, меѓу кои ексминистри и ексдиректори
10:50 h
  • Вчера се приведени 13 лица инволвирани во трагедијата во Кочани, потсети денеска на прес-конференција јавниот обвинител Љупчо Коцевски.
  • Без дозвола реконструиран, со употреба на несоодветни материјали: дискотеката во Кочани не ги исполнувала ниту минималните услови за угостителска дејност > Опсервер
10:08 h
  • За 13 осомничени полицајци од Штип и Кочани, се бараат мерки за обезбедување на присуство.
  • „Дозволиле активирање на пиротехниката“, осомничените 13 полицајци се однесени во суд
19:21 h 12-Jun-2025
  • ПРИВЕДЕНИ СЕ 13 НАЧАЛНИЦИ И ПОЛИЦАЈЦИ Нови апсења поради трагедијата во Кочани фото: Принтскрин Во Кочани денеска има нови апсења кои се поврзани со пожарот кој се случи во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 62 лица, а близу 200 беа повредени.
  • ПРИВЕДЕНИ СЕ 13 НАЧАЛНИЦИ И ПОЛИЦАЈЦИ Нови апсења поради трагедијата во Кочани
18:56 h
  • Нови апсења во Кочани.
  • Нови апсења во Кочани: Приведени се 13 началници и полицајци
18:45 h
  • По страшната трагедија која ја потресе Македонија, утре е денот Д. Во 12 часот на прес конференција ќе се објави обвинението за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани каде 62 лица загинаа, а околу 200 беа повредени.
  • Утре е Денот Д: Во 12 часот ќе се објави обвинението за пожарот во Пулс Кoчани
Plusinfo

Прекината е постапката и за Александар Карадаковски, кој бееше управител на фирмата, а почина на болничко лекување.

Сопствениците на „Пулс“ правеле што сакаат Тројца обвинети, рече Коцевски, во својство на одговорни лица, сопственици и управители на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги „Класик ДМ“ ДОО Кочани со подружницата Кабаре Пулс, односно ДПТУ ММММ Кафе ДООЕЛ со подружницата на правното лице Клуб Пулс Кочани, од 13.12.2012 година до 16.3.2025 година во наведениот објект вршеле угостителска дејност, иако: – објектот не ги исполнувал минимално техничките услови за вршење угостителска дејност согласно член 6 од Законот за угостителска дејност – за објектот немале решение за одобрение за реконструкција со пренамена од градоначалникот на Општина Кочани согласно член 97 став 5 од Законот за градење – објектот не бил предвиден за намена Б3, односно за големи угостителски единици – за објектот немало основен проект за реконструкција со пренамена согласно член 47 од Законот за градење, со соодветни архитектонски, градежни (статика со сеизмика), електротехнички, сообраќајни, термотехнички и други проекти и елаборати согласно намената на градбата, како и посебен елаборат за заштита од пожари, експлозии и опасни материи согласно член 70 од Законот за заштита и спасување, – не донеле и не изработиле план и процена на загрозеност и план за заштита и спасување согласно член 13 и член 39 од Законот за заштита и спасување. Plusinfo

Tocka

Обвинет е и братот на првообвинетиот, како одговорно лице за продажба на влезници и контролирање на бројот на посетители и нивната возраст, бидејќи континуирано во договор со својот брат, не постапувал според прописите и техничките правила Обвинета е сопственичка и правно лице од Кочани, преку кои во 2012 година на барање на првообвинетиот, спротивно на член 47 од Законот за градење бил изготвен проект за пренамена на објектот во кој не биле содржани сите фази односно делови и елаборати кои задолжително мора да ги содржи основниот проект.

Во 2023 година, повторно незаконски, таа му изготвила основен проект, користејќи го како образец претходниот документ при што ја сменила насловната страна како да е документот изготвен во 2023 година, за да може обвинетиот и инвеститорот ММММ Кафе ДООЕЛ Кочани понатаму незаконито да го користи документот како основа за вршење на угостителска дејност и добивање лиценца. Tocka

Sitel

Тоа пак не го проверил ниту едне од тројцата градежни инспкетори на општината, а дека на локацијата не била предвидена дискотеката според деталниот урбанистички план, иако биле должни, не интервенирале ниту тројца градоначалници на Кочани.

Во услови кога сопственикот на објектот никогаш не поднел барање за реконструкција со пренамена, градоначалниците не наредиле надзор на овластените градежни инспектори во рамките на инспекциската служба во состав на Општина Кочани спротивно на Законот за инспекциски надзор, не донеле Годишна програма и не подготвиле месечни планови за работа на овластените градежни инспектори за вршење инспекциски надзор на наведениот објект засновани на проценката на ризик со оглед да објектот е место каде што се собираат поголем број посетители и постоела опасност по нивните животи и здравје. Sitel

Libertas

Истрагата утврдила дека тројца обвинети одговорни лица, сопственици и управители на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги КЛАСИК ДМ ДОО Кочани со подружницата Кабаре ПУЛС Кочани, односно Друштво за производство, трговија, услуги и угостителство ММММ КАФЕ ДООЕЛ Кочани со подружницата на правното лице КЛУБ ПУЛС Кочани, незаконски вршеле угостителска дејност од 2012 до 2025 година, без исполнување на минимално-техничките услови и со реконструкција без дозвола.

Првообвинетиот во временскиот период во 2012 и 2024 година во повеќе наврати преземал градежни дејствија со кои извршил реконструкција со пренамена на објектот при што неконтролирано без стручен надзор вградувал несоодветни материјали-синтетички, полимерни материјали и полиуретански сунѓер кои носат ризик од лесно започнување и брзо ширење на пожар и други опасности од пожар, па во наведениот објект не биле исполнети минимално-техничките услови ниту основните стандарди и барања за заштита од пожар и за безбедност и заштита од пожар за да во него се врши угостителска дејност. Libertas

Press24

Во услови кога сопственикот на објектот никогаш не поднел барање за реконструкција со пренамена, градоначалниците не наредиле надзор на овластените градежни инспектори во рамките на инспекциската служба во состав на Општина Кочани спротивно на Законот за инспекциски надзор, не донеле Годишна програма и не подготвиле месечни планови за работа на овластените градежни инспектори за вршење инспекциски надзор на наведениот објект засновани на проценката на ризик со оглед да објектот е место каде што се собираат поголем број посетители и постоела опасност по нивните животи и здравје.

За постоењето и работењето на објектот Клуб Пулс никогаш не ги известиле Дирекцијата заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат и Министерството за економија дека објектот работи без да ги исполнува законските услови за таа намена. Press24

Skopjeinfo

Во 2023 година, повторно незаконски, таа му изготвила основен проект, користејќи го како образец претходниот документ при што ја сменила насловната страна како да е документот изготвен во 2023 година, за да може обвинетиот и инвеститорот ММММ Кафе ДООЕЛ Кочани понатаму незаконито да го користи документот како основа за вршење на угостителска дејност и добивање лиценца.

Тројца обвинети во својство на службени лица – овластени градежни инспектори во Општина Кочани, иако биле самостојни во вршењето инспекциски надзор, со непостапување според прописите и техничките правила за заштита, спротивно на своите права и должности предвидени во Законот за градење и Законот за инспекциски надзор, во целиот период кога биле овластени градежни инспектори воопшто не покренале и не воделе постапка за инспекциски надзор по службена должност за утврдување на фактичката состојба и изведување докази, не наредиле отстранување на неправилностите, и не донеле решение за да го задолжат сопственикот за враќање на објектот во првобитна состојба. Skopjeinfo

Kajgana

„Тројца обвинети во својство на одговорни лица, сопственици и управители на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги КЛАСИК ДМ ДОО Кочани со подружницата Кабаре ПУЛС Кочани, односно Друштво за производство, трговија, услуги и угостителство ММММ КАФЕ ДООЕЛ Кочани со подружницата на правното лице КЛУБ ПУЛС Кочани, од 13.12.2012 година до 16.03.2025 година во наведениот објект вршеле угостителска дејност, иако: – објектот не ги исполнувал минимално техничките услови за вршење угостителска дејност согласно чл.6 од Законот за угостителска дејност.

Обвинет е и братот на првообвинетиот, како одговорно лице за продажба на влезници и контролирање на бројот на посетители и нивната возраст, бидејќи континуирано во договор со својот брат, не постапувал според прописите и техничките правила Обвинета е сопственичка и правно лице од Кочани, преку кои во 2012 година на барање на првообвинетиот, спротивно на член 47 од Законот за градење бил изготвен проект за пренамена на објектот во кој не биле содржани сите фази односно делови и елаборати кои задолжително мора да ги содржи основниот проект. Kajgana

Pressingtv

Денеска до Основен суд во Кочани се поднесува обвинителен акт против 34 физички и три правни лица за кривични дела со кои предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од поголеми размери, на место на кое се собрале поголем број на луѓе, односно за пожарот при настапот на музичката група ДНК на 16 март, каде што животот го загубија 62 лица, 157 се здобиле со тешки повреди и 54 лица со повреди, изјави Коцевски.

На почетокот од денешната прес-конференција во врска со истрагата за пожарот во Кочани, тој информираше дека е издадена наредба за истражна постапка и против 13 службени лица, полицајци поврзани со случајот. Pressingtv

  • Постапката се запира за вкупно 11 лица, бидејќи за нив нема доволно докази од кои и за двајца поранешни министри, соопшти републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски во врска со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Civilmedia

Денеска до Основниот суд во Кочани поднесен е Обвинителен акт против 34 физички и три правни лица за кривични дела со кои заеднички со учество во дејствие на извршување на кривично дело или со друг особен придонес кон извршување на делото, предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери на место каде што се собрани поголем број луѓе, односно на 16.03.2025 година, при настапот на музичката група ДНК во угостителскиот објект „КЛУБ ПУЛС“ Кочани каде во пожар 62 лица го загубија животот, со тешки телесни повреди се здобија 157, а со телесни повреди уште 54 лица.

Обвинетите делото го сториле со свесно непостапување според прописите и техничките правила за заштита, а дел од нив и со директно општоопасно средство и дејствие со кое бил предизвикан пожарот, соопшти републичкиот обвинител Љупчо Коцевски на денешната прес-конференција во ЈОРСМ. Civilmedia

Tocka

Четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување во периодот од 2012 до 16.03.2025 година, како и едно службено лице генерален инспектор кој за целиот тој временски период бил раководител на инспекциската служба во ДЗС, заеднички со особен придонес во извршување на делото, иако биле свесни дека поради нивното несторување може да настапи штетна последица, се согласиле со нејзиното настапување и не преземале мерки и активности за заштита на животите и имотот на луѓето од пожари, предвидени во чл.68 од Закон за заштита и спасување.

Обвинетите пет државни службеници, еден државен секретар и двајца министри воопшто не постапиле според прописите или техничките правила за мерките за заштита во текот на целиот временски период објектот спаѓал во категорија на диско клуб, без притоа да ги исполнува пропишаните минимално-технички услови од Законот за угостителска дејност. Tocka

Tocka

Тројца обвинети во својство на службени лица – овластени градежни инспектори во Општина Кочани, иако биле самостојни во вршењето инспекциски надзор, со непостапување според прописите и техничките правила за заштита, спротивно на своите права и должности предвидени во Законот за градење и Законот за инспекциски надзор, во целиот период кога биле овластени градежни инспектори воопшто не покренале и не воделе постапка за инспекциски надзор по службена должност за утврдување на фактичката состојба и изведување докази, не наредиле отстранување на неправилностите, и не донеле решение за да го задолжат сопственикот за враќање на објектот во првобитна состојба.

Свесни биле дека поради нивното несторување може да настапи штетна последица, но се согласиле со нејзиното настапување и овозможиле ПУЛС незаконито да продолжи со вршење на угостителска дејност – кабаре. Tocka

Vecer

Сопствениците на „Пулс“ правеле што сакаатТројца обвинети, рече Коцевски, во својство на одговорни лица, сопственици и управители на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги „Класик ДМ“ ДОО Кочани со подружницата Кабаре Пулс, односно ДПТУ ММММ Кафе ДООЕЛ со подружницата на правното лице Клуб Пулс Кочани, од 13.12.2012 година до 16.3.2025 година во наведениот објект вршеле угостителска дејност, иако:– објектот не ги исполнувал минимално техничките услови за вршење угостителска дејност согласно член 6 од Законот за угостителска дејност– за објектот немале решение за одобрение за реконструкција со пренамена од градоначалникот на Општина Кочани согласно член 97 став 5 од Законот за градење– објектот не бил предвиден за намена Б3, односно за големи угостителски единици– за објектот немало основен проект за реконструкција со пренамена согласно член 47 од Законот за градење, со соодветни архитектонски, градежни (статика со сеизмика), електротехнички, сообраќајни, термотехнички и други проекти и елаборати согласно намената на градбата, како и посебен елаборат за заштита од пожари, експлозии и опасни материи согласно член 70 од Законот за заштита и спасување,– не донеле и не изработиле план и процена на загрозеност и план за заштита и спасување согласно член 13 и член 39 од Законот за заштита и спасување.– Првообвинетиот во временскиот период во 2012 и 2024 година во повеќе наврати преземал градежни дејствија со кои извршил реконструкција со пренамена на објектот, при што неконтролирано, без стручен надзор, вградувал несоодветни материјали – синтетички, полимерни материјали и полиуретански сунѓер, кои носат ризик од лесно започнување и брзо ширење на пожар и други опасности од пожар.

Во објектот не биле исполнети минимално-техничките услови, ниту основните стандарди и барања за заштита од пожар и за безбедност и заштита од пожар, за да во него се врши угостителска дејност. Vecer

Civilmedia

Фонтаните исфрлале искри во правец на плафонот над сцената и како резултат на тоа започнало прогресивно опожарување на полиуретанскиот сунгер со кој бил обложен плафонот во објектот по кој веднаш пожарот се проширил по должината на целиот плафон, а потоа и низ целата внатрешност и конструкција на објектот.

Поради вградените материјали во објектот кои биле без огноотпорни својства и небезбедните конструктивни зафати почнал стихијно да се шири отворен оган проследен со чад и висока температура во внатрешноста на објектот поради што помеѓу присутните посетители настанало масовно, некотролирано и панично бегање преку единствениот излез за евакуација, кој не бил безбеден затоа што на патот за евакуација во прсвец на напуштање на објектот од внатре кон надвор имало двокрилна двонасочна врата која претставувала пречка за движењето. Civilmedia

Biznisvesti

Во моментов е во тек оперативна акција предводена од јавен обвинител од Специјализираниот сектор за полициски службеници, објавија од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ЈО ГОКК). Според информациите што ги пренесуваат медиумите во Кочани и Штип, вечерва се уапсени 13 лица, меѓу кои и шефови и полицајци кои биле на должност вечерта кога избувна пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Меѓу приведените се Т.Д. (раководител на криминалистичката полиција), Д.П. (координатор на смена во текот на ноќта на трагедијата), М.М. (шеф на Полициската станица Кочани), К.Ј. (раководител на економски криминал во рамките на ПС Кочани), како и М.Р. (полицаец кој бил на работа вечерта на инцидентот). Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи во текот на ноќта на 16-ти март, загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени. Biznisvesti