Сопствениците на „Пулс“ правеле што сакаатТројца обвинети, рече Коцевски, во својство на одговорни лица, сопственици и управители на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги „Класик ДМ“ ДОО Кочани со подружницата Кабаре Пулс, односно ДПТУ ММММ Кафе ДООЕЛ со подружницата на правното лице Клуб Пулс Кочани, од 13.12.2012 година до 16.3.2025 година во наведениот објект вршеле угостителска дејност, иако:– објектот не ги исполнувал минимално техничките услови за вршење угостителска дејност согласно член 6 од Законот за угостителска дејност– за објектот немале решение за одобрение за реконструкција со пренамена од градоначалникот на Општина Кочани согласно член 97 став 5 од Законот за градење– објектот не бил предвиден за намена Б3, односно за големи угостителски единици– за објектот немало основен проект за реконструкција со пренамена согласно член 47 од Законот за градење, со соодветни архитектонски, градежни (статика со сеизмика), електротехнички, сообраќајни, термотехнички и други проекти и елаборати согласно намената на градбата, како и посебен елаборат за заштита од пожари, експлозии и опасни материи согласно член 70 од Законот за заштита и спасување,– не донеле и не изработиле план и процена на загрозеност и план за заштита и спасување согласно член 13 и член 39 од Законот за заштита и спасување.– Првообвинетиот во временскиот период во 2012 и 2024 година во повеќе наврати преземал градежни дејствија со кои извршил реконструкција со пренамена на објектот, при што неконтролирано, без стручен надзор, вградувал несоодветни материјали – синтетички, полимерни материјали и полиуретански сунѓер, кои носат ризик од лесно започнување и брзо ширење на пожар и други опасности од пожар. Vecer