Секторот за внатрешни работи Струмица, преку Одделението за внатрешни работи Гевгелија, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Гевгелија против пет физички лица и едно правно лице од Скопје, поради сериозни пропусти при реконструкцијата на кровот на Основното училиште „Петар Мусев“ во Богданци.
СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против Г.Г.(39) од Скопје, сопственик и овластено лице на Друштво за проектирање, инженеринг, трговија и услуги од Скопје, И.Т.(45) од Скопје, потоа против посоченото Друштво за проектирање, инженеринг, трговија и услуги од Скопје, како и против Љ.Т.(62) и Л.Г.(69) од Скопје, соопштија од МВР.