Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ денеска утврди уште 8 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Lider
МИА синоќа информираше дека во Штип на седница на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ донесе одлука да му предложи на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ за Македонски Брод кандидат за градоначалник да биде Жарко Ристески, кој е и актуелен градоначалник на оваа општина и во Општина Могила да биде актуелниот градоначалник, Драганчо Саботковски, потоа за Општина Пробиштип кандидат за градоначалник е Тони Тоневски, за Богданци ВМРО ДПМНЕ го предлага Марјан Пеев, за Општина Демир Капија ја предлага Наталија Димитриева, за Општина Росоман предлог за кандидат за градоначалник е Ѓорги Крстевски, за Општина Новаци е Стевче Стевановски и за Општина Дебарца е Златко Силјановски.
Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ синоќа одлучи и генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски да биде претседател на Републичкиот изборен штаб, којшто ќе ја води кампањата за локалните избори. Frontline
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Штип избра уште осум кандидати за градоначалници на претстојните локални избори. Republika
Добивај вести на Viber Извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ синоќа во Штип избра уште осум кандидати за градоначалници на претстојните локални избори.
Антонио Милошоски член на Извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ информираше дека ИК донел одлука да му предложи на Централниот комитет на ВМРО -ДПМНЕ за Македонски Брод кандидат за градоначалник да биде Жарко Ристески, кој е и актуелен градоначалник на оваа општина и во Општина Могила да биде актуелниот градоначалник Драганчо Саботковски. Faktor
Сметаме дека овие осум кандидати за градоначалници се одговорни, исполнителни личности, коишто својата активност ја докажале не само во рамките на коалицијата на ВМРО ДПМНЕ туку имаат углед и во самите општини, изјави Милошоски.
Тој истакна дека кандидатите за градоначалници ќе им биде препорачано да имаат што поголема комуникација со граѓаните, за да можат да работат на составување на своите Програми за локални избори, од страна на ВМРО – ДПМНЕ ќе им биде одреден и тим којшто ќе им помогне за одредени проекти, кои се од капитално значење. Racin
Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето Извршно заседание и соопшти имиња на нови осум кандидати за градоначалници кои ќе настапат на претстојните локални избори. Lokalno
Во следниот период, сите кандидати ќе работат на терен, ќе воспостават директна комуникација со жителите и ќе креираат програми со реални проекти и приоритети.
Централниот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ ќе им биде логистичка поддршка, особено за поголеми капитални проекти, најавија од партијата. Skopjeinfo
Прашан дали како партија прават анкети и размислуваат за кандидат за градоначалник за Општина Кочани, Милошоски вели дека во оваа општина се посветени и приоритет им се поставени според потребите на семејствата на настраданите и на повредените, како и да бидат во комуникација со нив и да им бидат поддршка.
Се разбира дека ќе дојде и на ред прашањето за локалните избори. Republika
Но, досега не сме го отвориле тоа како тема за оваа Општина посебно, се надевам дека во идниот период ќе најдеме време за тоа да донесеме одлука, рече Милошоски.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски да биде претседател на Републичкиот изборен штаб, којшто ќе ја води кампањата за локалните избори. Republika
Од заседанието на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ денеска објави уште 8 кандидати за градоначалници за претстојните Локални избори, со што бројот на имиња се искачи на 33. Поголемиот дел од кандидатите се актуелни градоначалници. Mms