Семејствата и родителите на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска доставија писмен допис до Основното јавно обвинителство во Кочани, со кој бараат непосредна средба со обвинителите. Mms
Воедно, наведоа од ЈО, блиските на жртвите кои беа на претходната средба во обвинителството добија и директен контакт и им беше посочено дека сите семејства на жртвите можат во секој момент во обвинителството во Кочани директно да се информираат за текот на постапката.
Со обвинението што беше поднесено на 13. месецов до Основниот суд во Кочани се опфатени 34 физички и три правни лица за кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Skopjeinfo