Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Д.С. на работно место самостоен криминалистички техничар во СВР Тетово- ОВР Гостивар поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела „проневера во служба“ по член 354 став 3 од КЗ и кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“ по член 366 став 2 од КЗ. Пријавениот во временски период од јануари до април 2025 година, со намера да се стекне со значителна противправна имотна корист, присвоил 25.000 евра и златен накит, кои му биле доверени во службата, претходно одземени од лице при извршен претрес на дом и други простории при кое истражно дејствие пријавениот преземал полициски овластувања.
Вчера во 17.50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода полицискиот службеник, 51-годишниот Д.С. од Гостивар, поради основи на сомневање дека сторил кривично дело казниво по член 353 и 354 „злоупотреба на службената положба и овластување“ од КЗ. Тој, од шкафот во полициската станица, каде чувал предмети одземени при претреси на кои присуствувал како вработен во крим-техника во ПС Гостивар, украл околу 25.000 евра и златен накит вреден околу 50.000 евра.