Директорот на ЦУК Мухамед Али, од терен ја координира акцијата за справување со пожарот.
По пријава на бројот за итни повици 112 за пожар на непристапен терен пред тунелот, од десната страна на патот, ЦУК веднаш упати итно барање за воздухопловна поддршка до Министерството за внатрешни работи, се наведува во објавата на веб страницата на ЦУК. фото: ДЗС ЦУК претходно соопшти дека пожарот што избувна над магистралниот пат Скопје – ГП Блаце, пред тунелот од десна страна, е со голем интензитет, а силниот ветер го разгорува и го насочува кон ридот, додека другиот крак се движи кон селата Блаце и Чучер. Republika
Добивај вести на Viber Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи е активиран во гаснење на пожарот што избувна покрај патот кон граничниот премин Блаце, а сообраќајот на патот кон преминот се одвива наизменично, информираа од Центарот за управување со кризи и АМСМ.- Хеликоптерот моментално е активен на терен и активно учествува во гаснењето на големиот пожар што избувна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце - објави ЦУК споделувајќи фотографии и од директорот Мухамед Али кој од терен ја координира акцијата за справување со пожарот. Faktor
Хеликоптер од Министерството за внатрешни работи веќе интервенира во гаснењето на пожарот кој избувна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце, на потегот пред тунелот, на десната страна од коловозот. Puls24
Екипи од БППЗ на Град Скопје веќе се пристигнати на лице место.
На лице место се и припадници на полицијата. Puls24