Активни се пожарите во Општина Чучер Сандево, помеѓу село Блаце и село Чучер, каде гори ниска вегетација и мешана шума, а поради непристапност на теренот се интервенира со воздушна поддршка, во село Инџиково во општина Гази Баба (ниска вегетација и стрниште), во проилепското село Бешиште (приземен во квалитетна мешана шума), во село Црешнево во Македонски Брод (деградирана дабова шума и грмушки), во Општина Чашка: под Солунска Глава, помеѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (шумски пожар, без активен пламен, само чад – карпест терен), како и во валандовското село Грчиште (ниска вегетација и нискостеблеста шума). Локализиран е пожар на градската депонија Делчево, а изгаснати се пожари во општините Карбинци: помеѓу с. Таринци и с. Радање (ниска вегетација и стрниште), Пробиштип: с. Долни Стубол (ниска вегетација), Гостивар: културен дом Гостивар (ниска вегетација), Тетово: с. Мала Речица (ниска вегетација), Прилеп: новите гробишта Прилеп (ниска вегетација), Велес: с. Оризари (ниска вегетација, стрниште и дабова шума), Куманово 1: ул. „Никола Тесла“ (ниска вегетација), Куманово 2: место викано Ново Куманово (ниска вегетација), Шуто Оризари: нас. Sitel