вработени во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Шуто Оризари се соочуваат со обвиненија за тешка злоупотреба на службената положба, откако Јавното обвинителство денеска поднесе обвинителен предлог против нив.
Во фокусот на случајот е поранешниот директор на затворот, Филип Андов-Сокол, кој заедно со двајца полициски службеници, според обвинителството, сториле продолжено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, додека петмина други затворски полицајци се гонат за „Несовесно работење во службата“.Истражните органи утврдиле дека во периодот од март до јули 2024, обвинетите на петмина осуденици им овозможувале недозволени поволности, вклучително и излегување од затворот до нивните домови или на приватни локации, спротивно на сите законски процедури.„Во овие дејствија се гледа јасна умисла и координација.