Во моментов, во земјава, активни се вкупно седум пожари на отворено, еден е локализиран и еден е под контрола, а изгаснати се 23, соопшти утринава Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активните се пожарите во Општина Прилеп – с. Бешиште (приземен пожар во мешана шума), Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево и с. Слатин (деградирана дабова шума и грмушки), Општина Чашка – под Солунска глава, меѓу изворите на Бабуна и Бабина дупка (само чад, карпест терен), Општина Чучер Сандево – помеѓу с. Блаце и с. Чучер (мешана шума и ниска вегетација), Општина Шуто Оризари – „Њу стар хотел“ (депонија), Општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума) и Општина Крива Паланка – с. Жидилово (борова шума). Lokalno