Пожарникар е тешко повреден откако паднал од четирицикл во скопското село Бразда.
Вчера во 10.10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на место викано „Жејковац“ во атар на село Бразда, пожарникарот Б.И.(48) од село Средно Коњари, скопско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, откако паднал од четирицикл. Skopjeinfo
Според првичните информации, повредениот е Б.И. (48), пожарникар кој во моментот се превезувал со четирицикл управуван од волонтер од една до друга локација со цел да се преземат активности за гаснење на пожарот.
Во текот на движењето, пожарникарот изгубил рамнотежа, паднал од четирицикл и се здобил со повред, велат од полицијата. Republika