Лишен од слобода е затворски полицаец, кој се обидел да внесе дрога во затворот Идризово, соопшти полицијата.
Вчера во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен како полицаец во Затворска полиција, пронајдени се две пакувања и се посомневале дека пренесува дрога.