Потоа во Општина Прилеп – с. Бешиште, местo викано Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (мешана шума) во Општина Македонски Брод 4 – с. Црешнево (ниска вегетација), во Општина Ресен – с. Долно Перово (трска и ниска вегетација и во Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева). Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов изјави дека пожарот кој што попладнево изби на брегот на Преспанското Езеро во близина на село Перово зафатил поголема површина на трска и поради ветрот се ширел кон селото, но веќе не претствува опасност благодарение на интервенцијата на пожарникарите од Ресен и на локалното насление кое им дава поддршка. Press24