Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска изјави дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е доставена обемна документација од 3.200 страници, поврзана со сомнителни постапки за легализација и изградба на објекти во општина Чаир.
Чаирскиот градоначалник ѝ подготвува контра-тужба на скопската градоначалничка, за нејзините обвинувања дека незаконски легализирал дивоградби, дека во негово време се изградени 150 згради по 12 ката без дозволи и проекти, како и дека во моментов се градат на диво 50 нови згради.