Чамец што превезувал 154 мигранти се превртел кај брегот на Јемен во неделата, при што загинале најмалку 68 африкански мигранти, додека, пак, 74 се водат како исчезнати, соопшти Агенцијата за миграција на Обединетите нации, . Овој трагичен инцидент е последен во низата смртоносни бродоломи кај Јемен, каде што стотици африкански мигранти ги загубиле животите обидувајќи се да избегаат од конфликти и од сиромаштија во потрага по подобар живот во богатите земји од Заливот.
Најмалку 68 мигранти ги загубија животите кога брод со околу 150 луѓе потона покрај брегот на Јемен вчера поради лошо време, а 74 други се водат како исчезнати, соопштија здравствените власти.