Голема тепачка пред локал среде Скопје – се тепале повеќе скопјани и еден австриец, учествувал и малолетник 12:59, август 5, 2025 На 04.08.2025 во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека во 16:20 часот пред угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.С.(63), Х.Х.(19), Ј.Ќ.(19), сите од Скопје, од една страна и И.Б. (29) од Скопје, М.Б.(20) од Република Австрија и еден малолетник од Скопје, од друга страна.