Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 4 од Кривичниот законик. 4news
За период од околу 2,5 месеци, од февруари до крајот на април годинава, двајцата осомничени жители на Ресен, во повеќе наврати насилно влегувале во објекти од цврста градба на железничката делница од пругата „Поранешно Фринко“ до селото Кремница, кои служеле за команда на светлосна и звучна сигнализација за железничкиот сообраќај.