Со оглед на бројот на возила и намалениот број на вработени во затворска полиција, КПУ Затвор Скопје постапува и ќе постапува согласно своите можности и капацитети, вели директорот на затворот Бобан Утковски, по реакцијата од Основниот кривичен суд Скопје за одложените рочишта поради неспроведување на притворени лица.
Утковски информира дека на 18 август биле планирани 12 спроводи, од кои биле реализирани 8, а на 19 август од планирани 19 биле реализирани 16. -Со оглед на бројот на возила и намалениот број на вработени во Затворска Полиција КПУ Затвор Скопје постапува и ќе постапува согласно своите можности и капцитети со оглед на тоа што Затвор Скопје врши спровод на притворени и осудени лица покрај Основниот Кривичен Суд Скопје до сите судови и обвинителства низ територтијата на целата држава и тоа Гостивар, Тетово, Кичево, Куманово, Велес, Штип, Битола, Охрид, Кочани, наведува тој во соопштението. А1он