Граѓаните на земјава на своите мобилни телефони ќе добијат тест-СМС порака преку системот cell broadcasting денеска попладне, со цел проверка на техничките можности за испраќање масовни известувања и аларми во случаи на кризни состојби, најави Центарот за управување со кризи (ЦУК). Станува збор за систем кој овозможува итни пораки да бидат испратени до сите корисници на мобилни телефони што се наоѓаат во одредена географска област, без разлика на мобилниот оператор.
Денес, во текот на попладневните часови, граѓаните ќе добијат тест-СМС порака преку системот cell broadcasting, со цел проверка на техничките можности за испраќање масовни известувања и аларми во случаи на кризни состојби.