Повеќе од една третина од граѓаните сметаат дека работите во Македонија одат во правилна насока, што е за три проценти повеќе од резултатот на истото прашање од анкетата во април годинава.
Истражувањето на МКД.мк, како дел од редовните истражувања кои редакцијата заедно со агенцијата Маркет вижн ги прави, е спроведено од 20 јуни до 4 јули. Denesen
Падот на Вреди е поврзан со напуштањето на коалицијата на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари.
Анкетирањето беше спроведено од 20 јуни до 4 јули 2025 година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Republika
Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.
Меѓу лидерите на политичките партии, Христијан Мицкоски има најголема доверба кај граѓаните. Press24