Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министрите за култура и туризам, Зоран Љутков, и за транспорт Александар Николоски, градоначлникот на Охрид, Кирил Пецаков, како и пратеници во Собранието, ја промовираа реконстукцијата на Музејот на вода во Охрид, заедно со наколната населба во Заливот на коските кај Градиште на брегот на Охридското Езеро. Frontline
Јас му честитам на директорот за посветената работа изминатиов период откако е директор се разбира затоа што и самиот кажа дека 7 години буквално ништо не било направено како што можете да видите денеска комплетно ликот на ова прекрасно место е изменет и делува сосема поинаку споредено со состојбата од пред година и пол, две.
Така што само посакувам успешна работа и понатаму самиот тој кажа дека тука не застануваме со инвестиции, продолжуваме и понатаму им честитам и на останатите коишто беа вклучени во поддршката на реализацијата на овој проект, министерот, градоначалникот, сите останати коишто помогнаа тука е и министерот за транспорт и потпретседател на Влада којшто силно е фокусиран во делот на подобрување на инфраструктурата во Охрид и околината, пратениците во Собранието коишто жестоко се борат за проект повеќе за Охрид. Centar
Во наредниот период ќе инвестираме и во други содржини во Охрид, како што гледам и патната инфраструктура е доста подобрена, се подобруваат условите и ќе продолжиме со исто темпо и натаму, рече Љутков.
Градоначалникот на Охрид, Пецаков од своја страна рече дека изминатите триесеттина дена во Охрид се бележат повеќе важни настани директно поврзани со инфраструктуриниот развој на Охрид, но и инфраструктурата поврзана со туризмот. Tocka