Пратеникот од политичката партија Левица, Амар Мециновиќ на комисиската расправа за ребаланс на буџетот се појави облечен во дрес на Шведска.
Во своето обраќање на денешната комисиска расправа, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, ја разобличи суштината на првиот ребаланс на буџетот на Владата на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ, нарекувајќи го „огледало на нивната совест“ кое јасно ја разоткрива нивната „крволочна десничарска природа“.Тој укажа дека овој Буџет и Ребаланс нема визија, дека не го става народот во фокус и дека продолжува истата неолиберална матрица која ја разори економијата на Македонија последниве децении.