Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно ќе побара од Иран да ја прекине својата нуклеарна програма на разговорите следната недела, додавајќи дека благодарение на нападите на САД врз Иран, војната меѓу Израел и Техеран заврши брзо.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од Хаг денеска изјави дека овој НАТО самит е историски, и дека на него било покажано единство од сите членки.
Конгресменот Бади Картер, републиканец од Џорџија, напиша писмо до Комитетот за Нобелова награда за мир, велејќи дека Трамп одиграл „извонредна и историска улога“ во завршувањето на „вооружениот конфликт меѓу Израел и Иран и спречувањето на најголемиот државен спонзор на тероризмот во светот да го добие најсмртоносното оружје на планетата“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја „постигнала историска победа“ во операцијата „Стоечки лав“.