Наместо во печатена форма, свидетелствата за завршените одделенија во основното образование од следната учебна година ќе бидат достапни дигитално и директно ќе се преземаат од средните училишта во кои учениците ќе аплицираат за упис.
Во изминатата една година остваривме голем дел од програмските определби и цели со што поставивме темели за изградба на квалитетен и конкурентен национален образовен систем кој ќе овозможи еднаквост, ефикасност, потребно знаење и вештини, синхронизираност со пазарот на трудот и генерално задоволство кај сите чинители на воспитно – образовниот процес.
Фото: МОН Министерката за образование и наука, Весна Јаневска на денешната прес-конференција во однос на тоа зошто учениците при уписите во средните училишта освен електронски и физички треба да ги доставуваат потребните документи во училиштата, информира дека ова се прави вака бидејќи сите училишта немаат пристап до електронската форма на пријавување.
Интегрален текст од денешната прес-конференција на Јованче Манасков, претседател на Комисија за образование и наука на СДСМ По само една година владеење на ДПМНЕ и нивната министерка Весна Јаневска образованието е на работ на целосен колапс.