На вториот ден од расправата, вчера пратениците од власта и опозицијата продолжија со меѓусебни обвинувања - за пратениците од власта предложениот ребаланс ја отсликува стабилната и одговорна економска политика на Владата со повеќе средства за плати, пензии и капитални инвестиции, додека за опозицијата тој е обид да се прикријат пропустите со јавните финансии и отвора пат за дополнително задолжување и загрозување на економската стабилност.
Предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2025 година се потврда на фискалната политика за неопходноста од консолидација и подобрено управување со јавните финансии.