Премиерот Христијан Мицкоски смета дека апсолутно е транспарентен начинот на кој се објавуваат вестите поврзани со стратешкото партнерство со Велика Британија.
Со стапување во сила на новиот закон за игри на среќа, кој е во владина процедура, се очекува да се намали бројот на клубови кои приредуваат игри на среќа, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во одговорот на новинарско прашање денес на настан на Машинскиот факултет во Скопје.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ја слушнал изјавата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче дадена во Атина, во која вели дека нашата држава е авторитарна и изрази жалење што лидерот на опозицијата има такво чувство.
“Филипче со денови молчи за бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост, а ја основал на 18.11.2022 година, со седиште во Петрич на улица Гоце Делчев бр. 12, адреса каде што се регистрирани и многу од фирмите на Заеви”, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава: Филипче молчи и за 3 пати поскапата препродажба на јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година.