Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
17
43.73
32.00
2.27/1.67
17.00
8.19
0.48
1750.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 17
14 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 825.1
Best clustering variants
14 0.99/0.01 2 825.1
Puls24

Со цел да се овозможат оптимални услови за овој процес на рехабилитација, Министерството за здравство апелира до средствата за јавно информирање, согласно специфичниот контекст, да продолжат да ја следат ситуацијата со особена внимателност, професионална етика и човечка солидарност во известувањето за лицата кои се повредени во трагичниот настан во Кочани.– Според проценките на здравствените работници, секое нарушување на нивната приватност или инвазивен медиумски пристап може да предизвика дополнителни трауми и да го отежни процесот на нивното рехабилитирање.

Во тој контекст, Министерството за здравство повикува на следното: како основно човеково право да се почитува правото на приватност на повредените лица и нивните семејства, да не се нарушуваат процесите на рехабилитација кои се спроведуваат од страна на стручни медицински тимови во Пониква и Општата болница во Кочани, да не се снимаат или фотографираат лица кои ги посетуваат или се дел од рехабилитациските сесии во периодот додека се во одморалиштето на Пониква или во Општата болница во Кочани со цел да се зачува достоинството и мирот на оваа заедница. Puls24

13:16 h 07-Jul-2025
  • Повикот на Министерството за здравство да не се снимаат, фотографираат и да не се земаат какви било изјави од лицата кои се рехабилитираат од повредите од пожарот во Кочани, предизвикува сериозна загриженост за слободата на медиумите, но и за одбраната на јавниот интерес, смета Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Како што велат оттаму, новинарите и медиумските работници најдобро знаат, следејќи ги правилата и стандардите на својата професија, кога, каде и како да земат изјава за настан кој е од висок јавен интерес, како што впрочем е и процесот на лекување на повредените од трагедијата во Кочани.
  • ◉ ССНМ: Апелот на Министерството за здравство да не се снимаат повредените од пожарот во Кочани претставува потенцијална цензура
13:35 h 06-Jul-2025
  • Од: А1он Првата група од 45 лица кои беа повредени во трагичниот настан во Кочани ја заврши првата фаза од нивната рехабилитација во одморалиштето на МВР на планинскиот центар Пониква, соопшти Министерството за здравство.
  • Медиумите да не ги снимаат и да не земаат изјави од повредените во Кочани, бара Министерството за здравство
14:09 h 05-Jul-2025
  • Фото: Маја Јаневска-Илиева Првата група од 45 повредени лица во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани ја заврши рехабилитацијата во одморалиштето на МВР на планинскиот центар Пониква.
  • Заврши рехабилитацијата на Пониква за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група