Соопштение на СДСМ: Освен секојдневно фотографирање и лажен ПР, Орце Ѓорѓиевски нема ништо реализирано во Кисела Вода.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес конференција истакна дека кандидатот на партијата за градоначалник на Град Скопје е актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Време е Скопје повторно да го вратиме на скопјани и да изградиме град со кој ќе се гордееме сите ние и генерациите после нас, изјави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски откако претседателот на партијата Христијан Мицкоски ја соопшти одлуката на Извршниот комитет тој да биде нивни кандидат на локалните избори за прв човек на главниот град.
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска зеде учество на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, организиран од Министерството за социјална политика, демографија и млади, во координација со националниот координатор Владимир Ѓорчев.