Повикот на Министерството за здравство да не се снимаат, фотографираат и да не се земаат какви било изјави од лицата кои се рехабилитираат од повредите од пожарот во Кочани, предизвикува сериозна загриженост за слободата на медиумите, но и за одбраната на јавниот интерес, смета Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Како што велат оттаму, новинарите и медиумските работници најдобро знаат, следејќи ги правилата и стандардите на својата професија, кога, каде и како да земат изјава за настан кој е од висок јавен интерес, како што впрочем е и процесот на лекување на повредените од трагедијата во Кочани. Radiomof
Министерството, но и другите државни институции мора да бидат свесни за својата позиција и дека вакви „апели“ всушност претставуваат институционален притисок врз слободата на говорот, како основно право, не само на медиумите туку и на сите граѓани“, велат од ССНМ.
Од таму велат дека медиумите се чувари на јавниот интерес и клучна алка во откривањето на неправилностите во едно општество. Zoom