, стои во соопштението на ЗНМ.
Инаку, по одлуката на Уставниот суд, скопскиот граѓански суд во повторената постапка пресуди дека новинарот Стојановски претрпел страв како последица на насилство и терор за време на упадот во Собранието на 27 април 2017 година, како и дека му било повредено правото на слобода на изразување, меѓутоа судот делумно го прифати барањето во делот на висината на надоместот за нематеријална штета. Fokus
Што се однесува до правото на слобода на изразување, Судот посочува дека тоа во домашниот поредок е изгиднато и прокламирано на рамниште на уставно право, со што е дадена исклучително широка заштита на ова право и се гарантирани сите негови аспекти и појавни облици.
Во таа смисла, во пресудата стои дека со член 16 од Уставот се гарантира слободата на уверување, совеста и јавното изразување на мислата, но воедно и на слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање, на примање и пренесување на информациите… Исто така, во пресудата се упатува и на член 3 од Законот за медиуми, според кој се гарантира слободата на изразување и слободата на медиумите. Fokus