По одлуката на Уставниот суд, Основниот граѓански суд во Скопје во повторената постапка пресуди дека новинарот на „Фокус“, Влатко Стојановски, претрпел страв како последица на насилство и терор за време на упадот во Собранието на 27 април 2017 година, како и дека му било повредено правото на слобода на изразување, меѓутоа судот делумно го прифати барањето во делот на висината на надоместот за нематеријална штета.
Во повторената постапка, Основниот граѓански суд Скопје делумно го усвои тужбеното барање на новинарот на „Фокус“, Влатко Стојановски, за надомест на нематеријална штета за повреда на правото на слобода на изразување и за претрпен страв за време на упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Libertas
, стои во соопштението на ЗНМ.
Инаку, по одлуката на Уставниот суд, скопскиот граѓански суд во повторената постапка пресуди дека новинарот Стојановски претрпел страв како последица на насилство и терор за време на упадот во Собранието на 27 април 2017 година, како и дека му било повредено правото на слобода на изразување, меѓутоа судот делумно го прифати барањето во делот на висината на надоместот за нематеријална штета. Fokus
Во повторената постапка, Основниот граѓански суд Скопје делумно го усвои тужбеното барање на новинарот на „Фокус“, Влатко Стојановски, за надомест на нематеријална штета за повреда на правото на слобода на изразување и за претрпен страв за време на упадот во Собранието на 27 април 2017 година.
Според пресудата на првостепениот суд, тужбеното барање на Стојановски делумно се усвојува, така што се задолжува тужениот, односно државата да му исплати на тужителот вкупен износ од 160 илјади денари, од кои 100 илјади денари се за претрпен страв, а 60 илјади денари се по основ на повреда на правото на слобода на изразување. Libertas
Што се однесува до правото на слобода на изразување, Судот посочува дека тоа во домашниот поредок е изгиднато и прокламирано на рамниште на уставно право, со што е дадена исклучително широка заштита на ова право и се гарантирани сите негови аспекти и појавни облици.
Во таа смисла, во пресудата стои дека со член 16 од Уставот се гарантира слободата на уверување, совеста и јавното изразување на мислата, но воедно и на слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање, на примање и пренесување на информациите… Исто така, во пресудата се упатува и на член 3 од Законот за медиуми, според кој се гарантира слободата на изразување и слободата на медиумите. Fokus
„Овој суд извлече заклучок дека повредата на правото на слобода на изразување на тужителот е генерално сторена поради пропуст на државата да ја исполни својата позитивна обврска, односно затоа што не обезбедила безбедносни услови во Законодавниот дом, а наведеното резултирало со тоа тужителот да биде спречен да ја оставри својата новинарска дејност и непречено да ја известува јавноста за тоа што се случувало, во безбедна и нормална атмосфера, без загрозување на физичкиот и психичкиот интегритет.
Ваквиот неуспех на државата да го заштити тужителот од нападите на демонстрантите, односно потфрлувањето на исполнувањето на позитивната обврска да го заштити правото на слобода на изразување на тужителот во една безбедна и демократска атмосфера, во директна мера го поткопува и ограничува правото на тужителот“, стои во пресудата. Fokus
Судот донесе пресуда за делумен надомест на нематеријална штета, што испраќа јасна порака за одговорноста на државата да ги штити медиумските работници.
Оттука, сакаме да ја истакнеме важноста на оваа судска пресуда како позитивен пример за примена на европските стандарди за слобода на медиумите и охрабрување на новинарите во вршење на нивната професионална должност без страв и притисоци. Libertas