Граѓански иницијативи со заедничка платформа ќе се борат за своето место во локалната власт.
Во оваа нова платформа веќе се вклучени иницијативите Шанса за Центар , Независни За Карпош - За Заштита На Карпош , Зелените Од Гази Баба , граѓански активисти од повеќе скопски општини . Иницијативите Шанса за Центар, Независни За Карпош - За Заштита На Карпош, Зелените Од Гази Баба, граѓански активисти од повеќе скопски општини и други градови формално регистрираа заедничка платформа со која, како што се наведува во денешното соопштение, ќе се борат против желбата на партиите да ги истиснат независните граѓански иницијативи од изборниот процес.