Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски синоќа по одржаниот кризен штаб го повикува месното население и општествено одговорните компании да се вклучат во гаснење на пожарот на планината Готен.
Здружението за еко животна средина-зелен раст и одржлив развој „Eко зелено движење“ – Берово и „Центарот за климатски промени“ од Гевгелија на 26 јули (сабота) од 18:30 до 21 часот на плоштадот во Берово ќе одржат едукативен јавен настан за превенција од шумски пожари со наслов „Оганот не простува, а шумата е живот“.