Како што велат, во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои: 1. Василево / Радовиш / Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); 2. Прилеп 1 – с. Бешиште, Бешишки Рид, кон с. Градешница (Новаци) и крак кон границата со Р. Грција (мешана шума); 3. Прилеп 2 – активен крак кон с. Дрен, проширен кон с. Галиште (Кавадарци); под контрола помеѓу Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација); 4. Македонски Брод – помеѓу Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација); 5. Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин (нискостеблеста и деградирана шума); 6. Петровец – с. Средно Коњаре, крај р. Пчиња (мешана шума); 7. Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација); 8. Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума); 9. Старо Нагоричане / Куманово – с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Јачинце (ниска вегетација); 10. Старо Нагоричане – с. Руѓинце (ниска вегетација); 11. Василево 1 – с. Сушево (грмушки и ниска вегетација); 12. Василево 2 – с. Добрашинци (грмушки и ниска вегетација). 1. Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева); 2. Македонски Брод 2 – с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума); 3. Струмица – с. Баница и населба Софилари (висока трева); 4. Карбинци – с. Јунузлија (шума); 5. Штип – помеѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева). ⸻ 1. Сарај 1 – с. Семениште (стрниште и гранки); 2. Сарај 2 – с. Паничари (сува трева); 3. Гази Баба – с. Трубарево (стрниште, грмушки и сува трева); 4. Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (дива депонија); 5. Кривогаштани – кај депонијата (сува трева и грмушки); 6. Струмица – м.в. Три Води (ниска вегетација и мешана шума); 7. Василево – с. Василево (ниска вегетација); 8. Струга 1 – с. Калишта (ниска вегетација и ѓубриште); 9. Струга 2 – с. Октиси (депонија); 10. Штип – кај м.в. 9-ти км (сува трева); 11. Карбинци – с. Радање (стрниште, сува трева и штала); 12. Куманово 1 – н. Бедиње (ниска вегетација); 13. Куманово 2 – с. Табановце (сува трева); 14. Куманово 3 – ул. Никола Тесла (сува трева); 15. Куманово 4 – с. Тромеѓа (сува трева); 16. Теарце – с. Непроштено (сува трева) ФОТО: Архива. Mk