Зелен Хуман Град, Шанса за Центар, Независни За Карпош – За Заштита На Карпош, Поинаку во Општина Битола, Стига е – Струмица, Стига е – Босилово, Стига е – Ново Село, Поранешни независни советници од Më mirë për Tetovën/ Подобро за Тетово и Граѓанската иницијатива Зелените од Гази Баба, бараат и да се дозволи името на советничките независни листи да биде во целост наведено на избирачкото ливче, а не како досега само името на носителот, да се обезбеди еднаквост меѓу сите политички чинители во утврдувањето на редоследот на единствената листа на кандидати за избор на претседател, пратеници, членови на совет, односно градоначалник, со ждрепка и да се промени одредбата за пристап до медиумскиот простор и финансирањето на изборната кампања. Meta