Поранешниот македонски амбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓорѓевски, се замонаши во чин кој според Скопската епархија на МПЦ-ОА, бил извршен во православниот храм на МПЦ-ОА „Свети великомаченик Георгиј“ во Криви Дол во Скопје, од страна на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
„На 27 мај 2025 година, во Навечерието спроти празникот Оддание на Воскресение, а воедно и денот кога Црквата го слави споменот на светите Гаврил Велички и Ахил Преспански, неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Празнична вечерна богослужба во манастирот Свети великомаченик Георгиј – Криви Дол, Скопје”, се наведува во веста објавена на епархискиот сајт. Press24
Поранешниот македонски амбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓорѓевски, се замонаши.
Тој бил замонашен завчера во чин кој според Скопската епархија на МПЦ-ОА, бил извршен во православниот храм на МПЦ-ОА „Свети великомаченик Георгиј“ во Криви Дол во Скопје, од страна на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Republika
Поранешниот македонски амбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓорѓевски, се замонаши. Skopjeinfo
„На 28 мај 2025 година, кога Светата Црква го прославува Одданието на Воскресение и споменот на светите Гаврил Велички и Ахил Преспански, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Божествена Литургија во манастирот „Свети великомаченик Георгиј“ – Криви Дол, Скопје.
На Литургијата Архиепископот го ракоположи во јероѓаконски чин монахот Георгиј (Ѓорѓевски).”, објави Скопската епархија на МПЦ-ОА на својата веб-страница. Tocka
Екс македонскиот амбасадор во Ватикан и универзитетски професор, Ѓоко Ѓорѓевски се замонаши.
Овој чин бил извршен вчера 28 мај во храмот „Свети великомаченик Георгиј“ во Криви Дол, Скопје, од страна на Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, кој потоа го ракоположи и во јероѓаконски чин под монашкото име Георгиј. Mk