Поранешниот македонски амбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓорѓевски, се замонаши во чин кој според Скопската епархија на МПЦ-ОА, бил извршен во православниот храм на МПЦ-ОА „Свети великомаченик Георгиј“ во Криви Дол во Скопје, од страна на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Press24
„На 28 мај 2025 година, кога Светата Црква го прославува Одданието на Воскресение и споменот на светите Гаврил Велички и Ахил Преспански, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Божествена Литургија во манастирот „Свети великомаченик Георгиј“ – Криви Дол, Скопје.
На Литургијата Архиепископот го ракоположи во јероѓаконски чин монахот Георгиј (Ѓорѓевски).”, објави Скопската епархија на МПЦ-ОА на својата веб-страница. Tocka
Според неофицијални сознанија, тој ќе биде предлог на архиепископот г.г. Стефан.
На синодската седница ќе треба да се изврши неговото унапредување во чин архимандрит и потоа во митрополит. Denesen
Поранешниот македонски амбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓорѓевски, се замонаши и од сега ќе се вика монах Георгиј. Lokalno