Кога ќе се создадат услови, јавноста и Собранието ќе бидат информирани за решението за евроинтеграциите на кое работи Владата, изјави денеска на прес-конференција новоназначената владина портпаролка Марија Митева.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во интервјуто за Отворено студио по повод „100 дена Влада“ на МРТ, вели дека до сега е разочаран од делувањето на обвинителството и судството, односно иако имале шанса за работат согласно законите и Уставот, одредени обвинители и судии работат калкулантски односно како што рече постапуваат според навигација добиена од други центри, односно од тие центри кои што ги предложиле да бидат таму каде што се, и тоа не е добро.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ говорејќи на тема за преговорите со Европската Унија и проблемот со Бугарија истакна дека преговорите нема да ни ги решат домашните проблеми, туку прво треба да си ја завршиме домашната задача, а Владата е фокусирана токму на тоа, решавање на домашните проблеми и решение за ЕУ кое ќе биде предвидливо.
Помеѓу премиерот Мицкоски и министерот за европски прашања Муртезани има спротивставени изјави за интересот во Брисел за уставни измени со одложено дејство, таа конфузија треба да се расчисти во Собрание, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче.