Од денеска почнува со работа новоформираното Национално координативно тело за реформи во високото образование, науката, истражувањето и развојот, како иницијатива од програмата за работа на новата Влада.
Со Националното координативно тело ќе раководи министерката за образование и наука Весна Јаневска, а во него има и заменик претседател и 30-тина членови.
„Се работи за инклузивно тело, во кое членуваат претставници на институции како МОН и Националниот совет за високо образование и научно истражувачка дејност, претставници на универзитетите и Интеруниверзитетската конференција, на бизнис заедницата и граѓанските здруженија.
Од секого се очекува непристрасност и застапување не на лични или интереси на потесни групи, туку заложба за генерална промена на состојбите во корист на сите и во корист на државата“, рече Јаневска. Mk
Ќе ја проверуваме законитоста на работата на установите, исполнетоста на условите за работа, ќе направиме ревизија на квотите за упис на факултети, стимулација на унапредувањето на студиските програми и креирање интердисциплинарни студиски програми.
Ќе поддржиме поврзување со бизнис заедницата, поголема меѓународна соработка и учество во програми за образование, наука и истражување и така натаму“, посочи Јаневска, изразувајќи благодарност до сите што ја прифатија иницијативата и се вклучуваат во работата на телото. Republika
Ќе поддржиме поврзување со бизнис заедницата, поголема меѓународна соработка и учество во програми за образование, наука и истражување и така натаму – рече Јаневска.
Оваа иницијатива, според министерката, влева надеж за сериозно јакнење на образованието и науката како основни столбови на кои треба и ќе се потпира севкупниот развој на државата. Republika
Националното координативно тело за реформи во високо образование беше формирано во јули оваа година по одлука на Владата.
Телото ќе има обврска на секои шест месеци да доставува извештај за работата до Владата. Radiomof
Координативното тело ќе има обврска на секои шест месеци да доставува извештај до Владата.
По одржувањето на конститутивната седница, министерката Јаневска нагласи дека ова тело е формирано за првпат во мандатот на една Влада, кое, како што рече, ќе има задача да работи на подигнување на девастираниот високообразовен систем и да обезбеди одржливост на квалитетот, како и да ги подобро вложувањата во науката и условите за научно истражувачка работа во државата. Republika
Според моите информации, студентите одат да студираат во странство не затоа што таму им е поевтино, туку затоа што не се задоволни од квалитетот на образование што го добиваат или од студиските програми што универзитетите им ги нудат.
Ќе разговараме и за облиците на студентски стандард кои би можеле да им ги понудиме на студентите за тие да бидат позадоволни од сместувањето, исхраната, како и за некои други погодности што ги бараат, рече Јаневска. Biznisvesti
Од денеска почнува со работа новоформираното Национално координативно тело за реформи во високото образование, науката, истражувањето и развојот, како иницијатива од програмата за работа на новата Влада. Biznisvesti
Одговарајќи на новинарско прашање, Јаневска истакна дека нашите студенти одат да студираат во странство не затоа што им е поевтино, туку, како што рече, бидејќи се незадоволни од квалитетот на образованието.
Според моите информации, студентите одат да студираат во странство не затоа што таму им е поевтино, туку затоа што не се задоволни од квалитетот на образование што го добиваат или од студиските програми што универзитетите им ги нудат. Biznisvesti
Јаневска нагласи дека во новиот буџет на МОН двојно се зголемени средствата предвидени за науката.
За среќа, оваа година Министерството добива релативно голем буџет кој е неопходен за функционирање на Министерстовто и зголемени се средствата за наука, речиси дупло, така што од 380 милиони, во моментов се наоѓаме на 680 милиони. Republika
Работиме многу сериозно на системски проблеми како на пример како се доведовме во ситуација да имаме најголем број државни и приватни универзитети во една толку мала земја, како се доведовме во ситуација да имаме најголем број на студиски програми, а студентите кои завршуваат факултет немаат оформено струка, значи не можат да бидат примени, апсорбирани веднаш од стопанството.
Како се доведовме до тоа сите да се запишуваат на таканаречени академски студии, а универзитетите да не покажуваат интерес да отвораат таканаречени куси професионални студии каде што нема потреба студентот и неговото семејство да трошат пари за петгодишни студии. Biznisvesti
Тука спаѓаат и дел од стипендиите за второстепени и трет циклус на студии каде што очекуваме дел од тие луѓе кои ќе ги завршат овие студии да се вклучат во научната работа – рече министерката.
Солза Грчева, национален координатор за образование и заменик-претседателка на Националното координативно тело нагласи дека Владата ќе работи на решавањето на системските проблеми во образованието. Republika
Кон ова се осврна и националната координаторка на телото, која рече дека една од суштинските реформи на кои ќе работи телото е критериумот за напредување во наставно-научните звања.
„Ние имаме огромен број професори затоа и немаме подмладок на факултетите бидејќи целиот буџет се апсорбира кај овие повисоки звања на професори со сомнителни резултати затоа што се унапредиле со сомнителни резултати. Radiomof
И ако нешто е добро е тоа што оваа Влада се зафаќа со решавање токму на системските проблеми, а не на козметички проблеми кои нема да решат ништо од денеска за утре.
Работиме многу сериозно на системски проблеми како на пример како се доведовме во ситуација да имаме најголем број државни и приватни универзитети во една толку мала земја, како се доведовме во ситуација да имаме најголем број на студиски програми, а студентите кои завршуваат факултет немаат оформено струка, значи не можат да бидат примени, апсорбирани веднаш од стопанството. Republika
Следната година ќе работиме на ново законско решение кое ќе го унапреди студентскиот стандард, односно ќе овозможи подобро функционирање на студентските домови и повеќе можности за идните академски граѓани, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната расправа во Собранието по повод извештајот од извршена ревизија на Државниот завод за ревизија на тема: Ефикасност на мерките, политиките и проектите за исполнување на условите во кои функционираат државните студентски домови и развој на студентскиот стандард.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година на 20 најдобри студенти кои своето образование ќе го продолжат на Eвропскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ КОЛЕЏ во Солун, Грција.
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година на 20 најдобри студенти кои своето образование ќе го продолжат на „Сити колеџ“, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк.
Државата во 2022 година потрошила приближно 22 милиона 690 илјади евра за сместување, исхрана и стипендирање во високото образование.
Главниот ревизор Максим Ацевски на денешната презентација на Конечниот ревизорски извештај за студентскиот стандард и условите во студентските домови повика „да се преиспита политиката на финансирање студии надвор од нашата држава“.
Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште поголемо зајакнување на, како што посочи исклучително добрите односи меѓу македонските граѓани и граѓаните на САД, по победата на Доналд Трамп на претседателските избори.
По победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, премиерот Христијан Мицкоски очекува поголемо зајакнување на исклучително добрите односи меѓу македонските граѓани и граѓаните на САД.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема договорено средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, што се одржува утре.