Во пресрет на Светскиот ден на детето – 20 Ноември, Народниот правобранител (НП) денеска ја најави претстојната кампања за подигнување на свеста за промовирање на правата на децата и нивна заштита од насилство, вклучително и од врсничкото.
Дел од кампањата е и видеото „Да го прекинеме кругот на врсничкото насилство!” во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото” финансиран од Европската Унија. Netpress
Во пресрет на Светскиот ден на детето – 20 Ноември, Народниот правобранител денеска ја најави претстојната кампања за подигнување на свеста за промовирање на правата на децата и нивна заштита од насилство, вклучително и од врсничкото. Civilmedia
Споредено со минатата година, податоците покажуваат дека во институцијата Народен правобранител бројот на претставки повторно се движи околу триесет, најчесто за физичко насилство, но нашите посети во училиштата покажуваат дека, за жал, ние сѐ уште не ги препознаваме останатите облици на насилство.
Токму затоа, преку проектот на ЕУ, одлучивме со видео да почнеме кампања за подигање на свеста за промовирање на правата на децата и заштита на децата од врсничко насилство, изјави Бајрамовска-Мустафа. Nezavisen
Има пораст на врсничкото насилство во однос на минатите години.
Васка Бајрамовска државен советник во канцеларијата на Народниот правобранител вели дека врасничкото насилство и проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ организираат промоција на видеото „да го прекинеме кругот на врсничкото насилство“. Kanal5