Владата на редовната седница во вторник ќе донесе одлука да се потпише договор за средствата што се обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за образование и наука за субвенционирање на превозот на студентите со што мерката ќе продолжи непречено и од јануари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Средствата се обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за образование и наука за следната година и на редовната владина седница во вторник на 31-ви декември, откако веќе се исконсултирав со министерката, ќе донесеме одлука да се потпише договор за да може веднаш да бидат префрлени на ЈСП бидејќи сесијата започнува во јануари и студентите беспрекорно да го користат јавниот превоз во градот Скопје, изјави Мицкоски на новинарско прашање по присуството на презентацијата на резултатите од работата на Министерството за внатрешни работи. Nezavisen
Владата на редовната седница во вторник ќе донесе одлука да се потпише договор за средствата што се обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за образование и наука за субвенционирање на превозот на студентите со што мерката ќе продолжи непречено и од јануари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски. Netpress
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали Владата ќе расправа за доделување на средства на ЈСП за бесплатен превоз на студентите, информираше дека во вторник на владина седница ќе биде донесена одлука, бидејќи сесијата започнува во јануари. Mk
Тоа е далеку од она што е потребно на ЈСП, но излеговме во пресрет кога требаше да се интервенира за да се обезбеди нафта за да можат автобусите да се сообраќаат соодветно и да превезуваат патници, рече Мицкоски.
И Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје претходно испрати апел до Владата и Министерството за образование и наука, на владина седница да овозможат релоцирање на средства со цел продолжување на бесплатниот превоз за студентите во 2025 година. Kanal5
За оваа мерка, Владата во 2022 и 2023 година не донела никакви одлуки, но и покрај тоа, ЈСП продолжило да ги вози студентите бесплатно.
Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС УКИМ) во понеделникот побара Владата на својата седница на 24 декември да донесе одлука за продолжување на оваа мерка, но на владината седница во вторникот, ваква одлука не била донесена. Telma