Потоа следуваше заедничка реакција на градоначалникот на Арачиново и Липково, кои ја осудија изјавата на Лимани, барајќи од Обвинителството да постапи, бидејќи, како што пишува, неговото дејствие претставува остра злоупотреба на службената должност и јасно ги покажува неговите намери за ставање на лични и политичките интереси пред благосостојбата на децата.
Градоначалниците на двете општини рекоа и дека размислуваат да поднесат кривична пријава против министерот за непочитување на службената должност и попречување на вршење на институционални функции во служба на граѓаните. Mk