Владата и Министерството за образование и наука продолжуваат да обезбедуваат финансиска поддршка за оние кои ќе се запишат на додипломски, постдипломски или докторски студии на некои од најдобрите светски универзитети според Шангајската ранг листа.
Конкурсите за доделување на стипендии за академската 2025-2026 година се објавени, а крајниот рок за аплицирање е 12 септември, соопшти на денешната прес-конференција министерката за образование и наука Весна Јаневска. A1on
Конкурсите за доделување на стипендии за академската 2025-2026 година се објавени, а крајниот рок за аплицирање е 12 септември.
За ова денеска информираше министерката за образование и наука Весна Јаневска, која потсети дека станува збор за мерка што веќе 15 години ја спроведува државата, но овој пат, со одредени модификации на условите за корисниците по стекнувањето на дипломата. Fokus
Новиот закон за високо образование што го работиме, предвидува реформа на Агенцијата за квалитет во високото образование (АКВО), со што очекуваме институцијата да стане функционална, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната прес-конференција. Nezavisen