Од денеска до 31 јули трае електронското пријавување за сместување во државните и во приватните студентски домови низ земјава за академската 2025/2026 година за студентите од втора и повисоките години на додипломски студии и за апсолвенти.
Рокот за пријавување за прием во студентските домови за студентите од прва година ќе почне по завршувањето на уписниот рок на факултетите во август, и ќе трае од 10 до 17 септември 2025. Netpress
Од денеска до 31 јули трае електронското пријавување за сместување во државните и во приватните студентски домови низ земјава за академската 2025/2026 година за студентите од втора и повисоките години на додипломски студии и за апсолвенти. Plusinfo
Според Конкурсот што го објави Министерството за образование и наука, слободни се вкупно 4.264 места во студентски домови во Скопје, Штип, Битола, Тетово, Охрид и Прилеп.
Од нив, 851 место се наменети за бруцоши, а 3413 места се за студенти од втора и повисоките години на студии. Novamakedonija
Најмногу капацитет има „Гоце Делчев“ во Скопје (1.212 легла), потоа „Пелагонија“ (997) и „Томе Стефановски Сениќ“ (335). Во Битола, Охрид и Прилеп слободни се 385, 242 и 330 легла соодветно, додека во Штип и Тетово се нудат државни и приватни опции.
Конечните списоци за студентите од втора и повисоките години ќе бидат објавени најдоцна до 6 септември, а за бруцошите до 30 септември. Iportal