Почитта на младиот Славе кон Бога придонела по завршувањето на основното училиште да се запише за редовен ученик во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“, завршувајќи ја со одличен успех.
По завршувањето на Богословијата, се запишал на Богословскиот факултет во Белград, на кој дипломирал во 1976 година. Novamakedonija
Дебарско кичевскиот митрополит Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник, одлучи Синодот на МПЦ-ОА. Ополето ќе биде во црквата Света Софија истиот ден, со заупокоената Литургија ќе служи Архиепископот Стефан во сослужение со надлежните епархиски архиереи и претставниц на други помесни цркви.
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ - ОА), во постојан состав, на 26 ноември 2024 година одржа вонредна седница и го определи датумот за погребение на блаженоупокоениот Дебарско-кичевски Митрополит Тимотеј. Skopjeinfo
Погребот на владиката Тимотеј, кој почина вчера, ќе биде извршен в четврток на 28 ноември во Плаошкиот манастир во Охрид, во епархијата со која раководеше повеќе од 40 години, соопшти Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Телото на митрополитот Тимотеј ќе почива во епархијата со која раководеше во кругот на Светиклиментовиот храм на Плаошник. Fokus
На Светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни Православни Цркви.
Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир во Охрид. A1on