Во оваа Јубилејна година до сите нека допре велигденскиот повик „Господ воскресна, надеж наша!“ Секој христијанин нека го доживее искуството на Марија Магдалена, која побрза да им ја соопшти радосната вест на учениците: „Го видов Господа“ (Иван 20,18). Тоа е средба што го менува животот: средба со единствениот Човек, кој ни дозволува да ја искусиме сета Божја добрина и вистина, кој нè ослободува од злото, но не на површен начин, моментално, туку нè избавува од него на радикален начин, нè лекува целосно и ни го враќа достоинството. Press24